Утре доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Loading...
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења.
Во недела ќе биде променливо облачно и ветровито, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Дневната температура во недела и во почетокот на следната седмица ќе биде пониска за 3 до 5 степени, особено во северните делови.
Никола Ивановски