МТСП: Објавен јавен повик за општините за обезбедување на средства за давање на социјални услуги

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика ги повикува Општините, Градот Скопје и Општините во градот Скопје да аплицираат на јавниот повик за обезбедување на средства за давање на социјални услуги, со цел да продолжи давањето на социјалните услуги воспоставени на локално ниво од страна на општините.

Loading...

Услугите се реализираат во соработка со лиценциран давател на услугата, со финансиска поддршка од министерството, а се однесува за ранливи групи на граѓани, за кои е утврдена потребата од одреден вид на услуга.

Со јавниот повик се обезбедуваат средства за општините со цел давање на социјалните услуги:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја

-Услуги во домот (лична асистенција и помош и нега во домот),

-Услуги во заедницата (дневен престој и индивидуален третман на лица со попреченост).

Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди средства за давање на социјални услуги од страна на општините во соработка со лиценциран давател на услугата, по цената на услугата утврдена со „Одлуката за утврдување на цените на социјалните услуги во домот, за вон семејна заштита, за стручна помош и поддршка, за дневен престој, за привремен престој, советување и за одмена на ceмejнa грижа за 2022 година“.

Јавниот повик трае од денот на објавување(29.07.2022год.) до крајот на годината(31.12.2022год).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја