МОСКВА: Осум лица загинаа во пожар во хостел

Сподели со своите пријатели

Осум лица загинаа, а тројца се повредени во пожар во хостел во југоисточниот дел на Москва, јавуваат руските агенции.

Пожарот избувнал на првиот кат од шеснаесеткатницата во која се наоѓа хостелот, јавува Интерфакс, а РИА Новости пренесува дека причина за пожарот, според прелиминарните информации, е дефект на електричната опрема.

Службите за итни случаи известија дека жртвите починале најверојатно од труење со јаглерод моноксид.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британците регрутираат шпиони низ целиот свет на „дарк веб“