Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска се без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода се улиците: „Тоде Мендол“ бр.16, „Др. Рибар“, „Есперанто“ бр. 5, улицата „2002“ (Дули), „Киро Фетак“.

Екипите на ЈП „Водовод“ ги санираат дефектите, но и работат и на пополнување на ровови од дефекти на водоводна мрежа отрпани од пороен дожд.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 150 културни настани и околу 14.500 посетители годинава во НУЦК „Трајко Прокопиев“