Орбан: Да се помогне на Србија да ја заштити јужната граница од мигрантите

Сподели со своите пријатели

Австрија и Унгарија сакаат да ѝ помогнат на Србија да ги заштити јужните граници од илегална миграција, соопштија денеска на прес-конференција во Виена австрискиот канцелар Карл Нехамер и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Loading...

„Ние сме ваши капетани на унгарско-српската граница, бидејќи ако не ја заштитиме, стотици илјади мигранти ќе дојдат кај вас. Ние би сакале да не мораме да го правиме тоа и Србија да може да го заштити својот јужен дел сама по себе. Во интерес на сите е Србија да може најдобро што е можно да ја заштити својата јужна граница“, рече Орбан.

Тој најави дека ќе се организира конференција со Србија со цел подобра заштита на јужните српски граници од илегална миграција.

Целта на таа конференција би била да и се помогне на Србија подобро да ја контролира јужната граница, а како што додаде Орбан, Брисел ќе биде информиран за предлозите.

Нехамер рече дека го прифатил предлогот на неговиот унгарски колега да се одржи заедничка конференција со Србија за да се намали притисокот од илегалната миграција.

Тој потсети дека бројот на баратели на азил е значително зголемен во Австрија, и дека е неопходно да се соработува со Унгарија и Србија за запирање на илегалната миграција.