Шпанската влада со кампања: Секое женско тело е подготвено за плажа

Сподели со своите пријатели

Шпанското Министерство за еднаквост започна летна кампања за да ги охрабри жените, кои се загрижени за тоа како изгледаат нивните тела, да одат на плажа.

– Летото е и наше – пишува над фотографијата на пет жени со различни типови на тело.

– Сите тела се тела за плажа – изјави министерот за социјални услуги Јоне Белара.

Директорката на Женскиот институт Антонија Морилас рече дека физичките очекувања не само што влијаат на самодовербата на жените, туку и ги ускратуваат нивните права.

На фотографијата од пет жени кои одмараат на плажа има и една топлес жена по мастектомија, пишува Би-Би-Си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како ќе изгледа зимата и кога ќе пристигне првиот снег?

Институтот, кој стои зад иницијативата, рече дека тоа е обид да се покаже како сите тела имаат важност.

 

 

Во кампањата се вели дека „жените треба да уживаат во летото, каде и со кого сакаат“.

– Денеска наздравуваме лето за сите, без стереотипи и естетско насилство врз нашите тела – се наведува во кампањата.

Сепак, кампањата предизвика различни реакции и не сите се ентузијасти за неа.

Некои се прашуваа дали треба да се прошири и на мажи без таканаречени стандардни тела, додека лидерот на левицата Каио Лара рече дека кампањата е врв на апсурдноста, обид да се „создаде проблем таму каде што го нема“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес од 6,1 степени ја погоди Папуа

Помладата министерка за еднаквост, Ангела Родригез Пем, твитна порака до мажите кои веруваат дека на жените не им треба дозвола од министерството за да одат на плажа.

– Секако дека одиме, но претпоставуваме дека ќе привлечеме омраза затоа што покажуваме тело кое не е стандардно – напиша таа.