Поранешниот американски претседател Доналд Трамп одржа повеќе од запалив говор во Вашингтон, кој го посети за прв пат откако ја напушти Белата куќа на почетокот на 2021 година!
Трамп зборуваше на самитот на Институтот Америка Прва, кој беше основан од членови на неговата администрација и е посветен на политиките што ги застапуваше за време на неговите четири години на функцијата.
Единствениот начин
Милијардерот, познат по својот бескомпромисен настап, жестоко го нападна својот наследник Џозеф Бајден за време на едночасовниот настап, меѓу другото наведувајќи го бранот насилства што ја зафати Америка и серијата инциденти кои ги пренесоа американските медиуми за изминатата година:
– Треба да се воведе смртна казна за дилерите на дрога. Кога ќе погубите дилер на дрога, ќе спасите 500 животи – рече Трамп и посочи дека има решение за се поголемиот број бездомници во најголемите американски градови.
– Треба да најдеме евтини парцели во предградијата. Направете илјадници и илјадници квалитетни шатори таму. Тоа е единствениот начин да се извлечат стотици илјади, можеби милиони луѓе низ нашата нација од улиците. Тоа може да се направи за еден ден.
Трамп, исто така, се пофали дека Тајната служба, чија задача е да ги штити претседателот и неговото семејство, се справувала со проблемот со бездомниците додека тој бил претседател и дека може повторно да го направи тоа.
– Веднаш ќе испратам луѓе. Тајната служба, инаку, направи феноменална работа – додаде тој.