WhatsApp во Русија казнет со 300 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Денеска, московскиот суд го казни WhatsApp со 18 милиони рубљи, односно речиси 300 милиони долари, поради повеќекратно одбивање да ги локализира податоците на Русите во Русија.

Loading...

Како што пренесува РИА Новости, претставникот на компанијата не се појавил на суд.

Според законот, странските компании без физичко присуство во Русија мора да ги локализираат податоците на руските корисници доколку работат во земјата.

Претходно, Zoom, Apple, Twitch, Pinterest, Airbnb, Snapchat беа казнети поради одбивање да ги складираат податоците на руските корисници во земјата.