Фолксваген размислува да ја продаде својата фабрика во Русија

Сподели со своите пријатели

Германската компанија Фолксваген сака да ја продаде својата фабрика за склопување автомобили во рускиот град Калуга, а казахстанската Азија Ауто, лоцирана во источниот град Оскемен, би можела да биде потенцијален купувач бидејќи има лиценца за производство на автомобили Фолксваген и Шкода, пишува рускиот весник „Ведемости“.

Loading...

Во извештајот, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со намерите на компанијата, се вели дека Фолксваген ќе ги финализира своите планови за фабриката во Калуга до крајот на годината, пренесува Ројтерс.

Британската компанија вели дека во одговорот испратен преку е-пошта, портпаролот на Фолксваген, Николај Лауд, рекол дека компанијата ги следи тековните случувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украински обвинители добивале лажни потврди дека се инвалиди

– Разгледуваме различни идни сценарија. Сепак, сѐ уште не е донесена одлука – изјави Лауд.

Фолксваген во март објави дека производството на локациите во Калуга и Нижни Новгород ќе биде суспендирано до понатамошно известување поради западните санкции наметнати на Москва по инвазијата на Украина и дека извозот на возила во Русија веднаш ќе биде прекинат.