Следниот самит Русија-Африка во Санкт Петербург

Сподели со своите пријатели

Вториот по големина град во Русија, Санкт Петербург, ќе биде домаќин на самитот Русија-Африка во 2023 година, објави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Марија Захарова на својот канал на Телеграм.

Loading...

Неделава Захарова и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров беа на турнеја низ четири африкански земји.

– Го напуштаме африканскиот континент под силен дожд, но тоа е добар знак. Ви благодариме пријатели. Ве чекаме во Санкт Петербург следната година на самитот Русија-Африка – изјави Захарова на каналот на Телеграм, пренесува ТАСС.

Град домаќин на воведниот самит Русија-Африка што се одржа во 2019 година под слоганот „За мир, безбедност и развој“ беше Сочи, руско одморалиште на Црното Море.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Камбоџа донесе закон за одземање на државјанство поради дослух со странци

Министерот за надворешни работи Лавров во рамките на африканската турнеја ги посети Египет, Република Конго, Уганда и Етиопија.