Советот за безбедност на ОН ги осуди егзекуциите во Мјанмар

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на Обединетите нации ја осуди егзекуцијата на четворица активисти за демократија од страна на владејачката армија во Мјанмар и побара ослободување на сите затвореници.

Loading...

Ваквиот официјален став на ОН беше одобрен од сите 15 земји-членки и беше повикан на „дијалог и помирување“, пренесува Ројтерс, како и за „престанок на сите видови насилство со почитување на човековите права“.

Поранешниот 71-годишен претседател Вин Минт и Аунг Сан Су Чи, која ја доби Нобеловата награда за мир пред две децении, се меѓу затворениците.

Погубени активисти

Меѓу четворицата егзекутирани се активистот Ко Џими и пратеникот Фио Зајар Тау, а сите беа осудени на смрт за „терористички акти“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Масовно труење во хотел: Над 100 луѓе заразени, вклучувајќи и бебе

Судењето се одржа зад затворени врати, што организациите за човекови права го оценија како неправда.

Во 2021 година, армијата на Мјанмар изврши државен удар и ја презеде власта во оваа земја, предизвикувајќи жесток отпор кај населението и големи протести.

Властите одговорија со прогон на демонстрантите, активистите и новинарите.