Во текот на денешниот и утрешниот ден (посебно во попладневните часови) времето ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
– Ваквите појави на интензивни врнежи од дожд можно е да предизвикаат локални проблеми во дел од урбаните средини, а исто така можно е и брзо зголемување на водостојот на дел од помалите реки и суводолиците низ земјава, стои во соопштението на УХМР.
Оттаму препорачуваат претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во текот на наредните два дена.
Никола Ивановски