Руските сили денеска го гранатираа јужниот украински град Никопол, што е последен случај на гранатирање на урбани средини, во кое во изминатите три дена загинаа најмалку 37 лица, а многумина беа ранети.
Украинските служби за итни случаи соопштија дека две лица се ранети, а две се затрупани под урнатините во Никопол, кој се наоѓа на реката Днепар.
Две лица загинаа по силно руско гранатирање на јужниот град Никопол. Спасувачите извлекле тела на две лица од урнатините, соопштија официјални лица.
Руски напади
Руски ракети го погодија градот Днипро, околу 120 километри северно од Никопол, доцна во петокот, при што загинаа три лица, а беа ранети 15, изјави гувернерот на провинцијата Валентин Резниченко на комуникациската платформа „Телеграм“.
– Ракетите погодија индустриска фабрика и улица во близина, рече тој.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа густа црна купола која се издигнува од зградите и запалени автомобили.
Руските сили, исто така, во текот на ноќта го нападнаа североисточниот украински град Чугуив во областа Харков, при што загинаа три лица, меѓу кои една 70-годишна жена, а беа ранети уште три, изјави гувернерот на провинцијата.
Во нападот се оштетени станбен блок, училиште и продавница, а спасувачките екипи ги испитуваат урнатините, изјави гувернерот Олег Синегубов на Телеграм.
Руската армија во последните неколку недели цели на прометни области во градовите со ракети со долг дострел.
Осум лица загинаа, а 13 се повредени во гранатирање на 10 локации во источната провинција Доњецк, изјави гувернерот Павло Кириленко во петокот во телевизиско интервју.
Крстосувачките проектили „Калибр“ истрелани од руска подморница во Црното Море, во четвртокот погодија деловна зграда во Виница, град со 370.000 жители, на околу 200 километри југозападно од Киев.
Киев соопшти дека во нападот загинале најмалку 23 лица, а десетици се ранети.
Виничани на импровизираниот спомен-обележје на загинатите оставија мечиња и цвеќиња.
в