Две лица загинаа кога руски авион Антонов Ан-2 се урна во областа Новокубан во покраината Краснодар, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација.
Loading...
– Истражните органи покренаа кривична постапка поради падот на лесен авион на Краснодарската територија, а во оваа несреќа од здобиените повреди загинаа пилотот и неговиот сопатник, родени 1951 година – се наведува во соопштението на Истражниот комитет, како објави ТАС С.
Авионот се урнал синоќа околу 22:30 часот по московско време, а при слетувањето на полскиот аеродром удрил во столб од далновод.
Припадниците на противпожарната и спасувачката служба се испратени на местото на вонредната состојба, јавува ТАС С.