Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои предлог-закон врз основа на кој следната година буџетот за одбрана би можел да надмине 800 милијарди долари.
Тоа е за 37 милијарди повеќе од сумата што ја предложи американскиот претседател Џозеф Бајден.
Претставничкиот дом ја усвои својата верзија на нацрт-законот за овластување за национална одбрана (NDAA) со гласови од 329 против 101, а Сенатот допрва треба да ја усвои неговата верзија.
Комитетот за вооружени служби на Сенатот веќе поддржа уште поголемо зголемување – 45 милијарди долари повеќе од предлогот на Бајден.
Домот и Сенатот ќе се договорат и ќе го усвојат заедничкиот нацрт на НДАА, а за него ќе се гласа подоцна оваа година.
Усвојувањето на NDAA внимателно се следи секоја година, бидејќи законот одредува сè, од купување на бродови и авиони до покачување на воените плати и како САД ќе одговорат на геополитичките предизвици.
Доколку биде усвоен, овој закон ќе ја ограничи продажбата на борбени авиони Ф-16 на Турција, ќе го укине одобрението за војната во Ирак од 2002 година и ќе ја зголеми воената плата за 4,6 отсто.
На предлогот на НДАА се спротивставија и некои конгресмени, јави Танјуг.
„Генерално, NDAA го илустрира фундаменталниот факт дека трошиме премногу на војската и премалку за дипломатијата и потребите на луѓето дома и низ целиот свет“, рече демократот Енди Левин, кој ја предводи Конгресната прогресивна група.