Се урна воен хеликоптер во Тајланд: Седум лица повредени

Сподели со своите пријатели

Воен хеликоптер што го превезуваl командантот на копнените сили на Четвртата област на Тајланд се урна во петокот во провинцијата Сонгхла на југот на Тајланд.

Loading...

Седум лица, меѓу кои и генералот, се повредени во хеликоптерската несреќа, јавуваат медиумите.

Несреќата се случила околу 9:30 часот по локално време, пишува тајландскиот весник.

Хеликоптерот удрил во дрвјата на плантажа со гума и се превртел на левата страна.

Сите седум лица, вклучително и окружниот командант, генерал-полковник Криангкраи Шрирак, се здобиле со повреди со различен степен на сериозност, објавија медиумите.

Во моментот на пристигнувањето на спасувачите сите патници биле свесни, додава весникот. Еден од војниците наводно сѐ уште бил во хеликоптерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Писториус е попопуларен од Шолц

Сите жртви веднаш се префрлени во блиската болница.

Причините за несреќата се истражуваат, објавија медиумите.

Loading...

Според прелиминарните информации, хеликоптерот се урнал кога пилотите од засега непознати причини се обиделе да извршат принудно слетување.