Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска оцени дека убиството на Шинзо Абе е поради несоодветно полициско обезбедување.
Loading...
Абе, еден од највлијателните јапонски политичари, беше убиен минатиот петок во западна Јапонија, а фотографиите и видеата покажуваат дека напаѓачот успеал премногу да се доближи до поранешниот јапонски премиер, наведува АП.
Осомничениот бил уапсен на местото на настанот и задржан на сослушување, а извештаите на полицијата и медиумите рекле дека тој им рекол на истражителите дека е убеден дека Абе бил поврзан со религиозната група која му наштетила и дека го убил, според Ројтерс.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Брат на претседателката на Перу доби три години истражен затвор во случај на корупција