Триесет и четиригодишен кумановец и неговата малолетна ќерка вчера биле физиички нападнати од три лица. Подоцна му се заканувале и со огнено оружје.
Loading...
– На 13.07.2022 во 19.20 часот во СВР Куманово, Д.Ј.(34) од село Ново Село пријавил дека на булевар „Трета македонска ударна бригада“ бил физички нападнат од три лица, кои употребиле и тврди предмети и му се заканиле со огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според пријавеното, притоа од тврд предмет била повредена и неговата малолетна ќерка која била со него.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски