Во автомобилот вложил над 200.000 евра, но не и во сопирачките (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Авторот на оваа модификација буквално го вложил најголемиот дел од својот живот во модификациите на автомобилот, кои го чинеле над 200.000 долари, но и 23 години од неговиот живот.

Loading...

Зад себе има и два брака, веројатно затоа што поминувал премногу време во гаража.

Многумина ќе го разберат бидејќи е вистинска класика. Меркур кометата доби бројни надградби во последните две децении. Опремен е со голем блок V8 мотор на Шевролет, а благодарение на моќниот компресор испраќа над 1300 КС на задните тркала. Меѓутоа, последен пат сопирачките биле сервисирани пред 17 години. Кочи на автомобил кој буквално пука од сила.

А дека не е паметно да се вози таков автомобил, особено не на јавен пат, се увериле лично сопственикот на возилото и јутјубер AutotopiaLA при снимањето на прилог за овој автомобил. Поради немирното работење и гасот заглавен на 2200 вртежи во минута, возачот бил принуден да употреби сопирачки додека возел за да го контролира возилото.

И тогаш сопирачките се прегреаа и откажаа. Кометата продолжила да вози се додека не завршила во возило запрено на семафор. Јутјуберот ја удрил главата во арматурата, а сопственикот си ја повредил раката. Сепак, на крајот можат да бидат среќни затоа што никој не бил сериозно повреден во несреќа која лесно можела да се избегне.