Над 550 жени во САД го тужат Убер поради сексуално вознемирување

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 500 жени го тужеа Убер во Соединетите држави поради наводите за сексуален напад од возачи.

Loading...

Во тужбите се наведува дека „Возачите на Убер киднапирале, сексуално вознемирувале и малтретирале жени, ги силувале, насилно ги затворале, ги демнеле или на друг начин ги напаѓале“, пренесува Би-Би-Си.

Случајот ќе го разгледа Врховниот суд на округот Сан Франциско.

„Сексуалниот напад е ужасно злосторство и ние сериозно го сфаќаме секој извештај“, изјави Убер за Би-Би-Си.

Како што соопшти компанијата, нема ништо поважно од безбедноста, па затоа Убер создаде нови безбедносни карактеристики, воспостави политики фокусирани на жртвите и стана потранспарентен за сериозни инциденти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хаити: Мештаните и полицијата во заедничка борба против бандите, загинаа над 20 луѓе

„Иако не можеме да коментираме за тековните судски спорови, ќе продолжиме да ја штитиме безбедноста на нашата работа“, додаде Убер.

Во тужбата, поднесена од адвокатите на адвокатската фирма Slater, Slater & Shulman, се наведува дека сексуалните напади се случиле во „повеќе американски држави“.

Се наведува и дека „активно се истражуваат уште најмалку 150 случаи на можна злоупотреба“, пренесува Танјуг.

Loading...

Според тужбата, Убер уште во 2014 година бил информиран дека неговите возачи сексуално злоупотребуваат и силуваат патнички.

Сепак, според тужбата, компанијата имала приоритет на „растот на профитот пред безбедноста на клиентите“.

Минатиот месец, Убер го објави својот втор безбедносен извештај во САД, кој покажа дека имало 998 сексуални напади во 2020 година, вклучувајќи 141 силување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инфлацијата во еврозоната во октомври порасна од 1,7 на два отсто

Компанијата наведува дека меѓу 2019 и 2020 година добиле 3.824 пријави за петте најсериозни категории на сексуален напад.