Две лица загинаа вчера откако хеликоптер вклучен во гаснењето шумски пожар на грчкиот остров Самос падна во морето, соопшти грчката крајбрежна стража.
Loading...
Уште две лица кои се наоѓале во хеликоптерот се спасени, додаде крајбрежната стража.
Околу 14 часот на Самос избувна шумски пожар и во акцијата за гаснење беа испратени три хеликоптери и пет авиони заедно со педесетина пожарникари.
Во таа провинција дува силни ветрови, а температурата во Грција во средата достигна 30 степени Целзиусови.
Сѐ уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.