Во Полска откриени останки на осум илјади жртви на нацистичкиот терор

Сподели со своите пријатели

Околу 17,5 тони човечка пепел се откриени и ископани во близина на поранешен нацистички концентрационен логор во Полска, објави полскиот институт за национално сеќавање (IPN), кој ги истражува нацистичките и комунистичките злосторства.

Loading...

Остатоците се ископани во Илво Осада, во близина на местото на поранешниот концентрационен логор Дзиалдово (Солдау на германски), околу 150 километри северно од Варшава, кој бил изграден за време на нацистичката окупација на Полска во Втората светска војна.

Од инвазијата на Полска во септември 1939 година, логорот Солдау им служел на нацистите како место за транзит, затворање и истребување на политичките противници, особено на Евреите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брат на претседателката на Перу доби три години истражен затвор во случај на корупција

Некои го проценуваат бројот на убиени затвореници во тој логор на 30.000, но досега историските извори не можат со сигурност да го потврдат тоа.

Таму загинале најмалку 8.000

„Откривањето на таа локација „овозможува да се потврди дека таму загинале најмалку 8.000 луѓе“, рече Томаш Јанковски, обвинител на IPN.

Бројот се проценува според тежината на пронајдената пепел.

Во 1944 година, еврејските затвореници биле принудени да ги ексхумираат телата на убиените и да ги запалат за да ги уништат трагите на нацистичките злосторства.

„Ќе можеме да направиме ДНК анализи што ќе ни овозможат да дознаеме повеќе за идентитетот на жртвите“ слично на она што беше направено во поранешните кампови Собибор и Треблинка, рече Анджеј Осовски, научник од областа на генетиката од Медицинскиот универзитет во Померанија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лидерите од Г20 повикаа на зголемување на хуманитарната помош за Газа