Заканата од тероризам во ЕУ останува високa

Сподели со своите пријатели

Во извештајот на ЕУ за состојбата и трендовите на тероризмот (TE-SAT 2022), претставен од Европол во Хаг, се наведува дека опасноста првенствено доаѓа од поединечни сторители со џихадистичко потекло и од крајно десничарски екстремисти.

Loading...

Според експертите, на Европа ѝ се закануваат последиците од војната во Украина и противниците на мерките за борба против пандемијата на коронавирус.

„Наодите TE-SAT 2022 потврдуваат дека тероризмот останува реална и актуелна закана за ЕУ“, рече извршната директорка на Европол, Кетрин Де Боле.

„Во време на геополитички промени, ЕУ мора повеќе од кога било да продолжи со своите антитерористички мерки. Европол ќе продолжи тесно да соработува со своите партнери за да се соочи со предизвиците што претстојат“, додаде таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Првата дама на Бразил го пцуеше Илон Маск: „Не се плашам од тебе...“ (ВИДЕО)

Во 2021 година, истражителите во земјите на ЕУ регистрираа 15 терористички напади, вклучително и неуспешни и спречени обиди. Според извештајот, ова е значително помалку од 57-те напади една година претходно.

Четирите успешни терористички напади вклучуваат три џихадистички и еден радикално левичарски терористички напад, се вели во извештајот.

Во 2021 година беа уапсени 388 осомничени, две третини за злосторства на џихадистички тероризам во Австрија, Франција и Шпанија. Во 2020 година имало 449 апсења, во 2019 година 723.

Според извештајот, терористичката пропаганда распространета на интернет во 2021 година продолжила да ги одразува темите поврзани со Ковид-19.

Loading...

„Зголеменото време поминато на интернет поради ограничувањата поврзани со Ковид-19, меѓу другите причини, е фактор на ризик на потенцијалниот пат на ранливите поединци кон екстремизам“, се вели во извештајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: Следните два месеци ќе бидат најопасните во последните децении