Поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус, се очекува бугарските власти од понеделник, 18 јули, да воведат нови епидемиолошки мерки, кои ќе вклучуваат носење маски и ограничување на бројот на луѓе на собири.
„Дневно во земјава се евидентираат повеќе од 1.000 случаи на коронавирус“, предупреди главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев, пренесе бугарското радио БНР.
Кунчев рече дека затоа ќе им предложи на властите да воведат епидемиолошки мерки според новиот план за пандемијата, кои ќе вклучуваат носење маски и ограничување на собирање на поголем број луѓе на едно место.
Се очекува мерките да стапат на сила на 18 јули“, рече Кунчев, пренесува Танјуг.
Тој изјави дека земјата е на почеток на бран, дека вирусот се шири доста брзо и дека мора да бидат подготвени за секоја ситуација.
Според него, бројот на заболени се зголемува, но нема многу пациенти во болниците.