Крузер со над 100 заразени со Ковид пристигна во Сиднеј

Сподели со своите пријатели

Крузерот „Coral Princess“ со повеќе од 100 луѓе позитивни на коронавирус се закотви во Сиднеј.

Loading...

Откако го напушти градот Еден на јужниот брег на Нов Јужен Велс со повеќе од 2.300 луѓе на бродот, крстосувачот се закотви на Циркулар Кеј денеска непосредно пред зори, каде ќе остане еден ден, пред да се врати во родното пристаниште Бризбејн.

Од патниците ќе се бара да имаат негативен брз антигенски тест пред слетувањето, но од екипажот на бродот ќе се бара да остане.

На бродот за крстарење најмногу се заразени членовите на екипажот, а 114 лица се во изолација, јави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мелони на локалните избори изгуби контрола над еден регион

Четворица патници биле во изолација откако биле позитивни на тестот, а 24 од нив се симнале претходно во Бризбејн, рече главниот здравствен директор на Квинсленд, Џон Џерард.

Одделот за здравство на Нов Јужен Велс соопшти дека патниците најверојатно се заразиле со коронавирус пред да се качат на бродот за крстарење.

Портпаролот на бродот за крстарење Coral Princess изјави дека екипажот кој бил позитивен на вирусот имал благи симптоми или биле асимптоматски случаи.

Според последниот биланс, Австралија има регистрирано 41.336 случаи на коронавирус и 58 смртни случаи, пишува Гардијан.

Loading...