Топлотни бранови во Португалија и Шпанија, се шират пожари

Сподели со своите пријатели

Вториот топлотен бран во Шпанија за помалку од еден месец и првиот во соседна Португалија ќе трае најмалку до викендот, велат метеоролозите, а со веќе високите температури во двете земји, тие прогнози ги зголемуваат стравувањата од пожари.

Loading...

Во централниот португалски регион Алентехо, утре и четврток се очекува температурите да достигнат до 46 целзиусови степени, пренесува АП.

Шпанската државна метеоролошка агенција соопшти дека температурите во јужните градови како Кордоба и Севиља би можеле да достигнат 42 степени Целзиусови.

Понтеведра во северозападна Шпанија, област која е помалку навикната на такви екстремни горештини, може да достигне рекордни 41 степен Целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силно предупредување за Европа, зимска бура доаѓа од Арктикот!

Метеоролозите велат дека прегреаната воздушна маса и топлите африкански ветрови ги креваат температурите на Пиринејскиот Полуостров над нормалните максимални, пренесува Бета.

И Португалија и Шпанија почнаа да се борат со повеќе пожари оваа недела, а властите велат дека високите температури може да ја влошат опасноста од пожари.

Пожарите што викендов ја зафатија централна Португалија повторно се активираа попладнево, што предизвика евакуација на неколку села и мобилизација на повеќе од 1.000 пожарникари, јавува агенцијата Франс прес.

Пожарникарите и локалните жители се обидуваат да го стават под контрола пожарот кој се заканува да зафати неколку општини лоцирани на околу 100 километри северно од Лисабон.

Loading...

Според податоците на Националната управа за цивилна заштита, на тоа подрачје се мобилизирани 1.200 пожарникари, повеќе од 300 возила и околу 12 авиони или хеликоптери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продемократски активисти во Хонг Конг осудени за субверзија, казни и до 10 години затвор

Два пожари избувнаа вчера, но два веќе избувнаа на крајот на минатата недела и се сметаше дека се изгаснати вчера пред пладне. Тие се реактивираа, поттикнати од новиот пораст на температурата и посилен ветер од викендот.

Градските власти на Леирија најавија евакуација на најмалку две села, а жителите беа повикани да се засолнат во гимназијата или градскиот стадион.

Сообраќајот беше во прекин на неколку патишта, вклучувајќи го и автопатот што го поврзува Лисабон со северот на земјата, јавуваат локалните медиуми.

Во Шпанија, службите за цивилна заштита помогнаа да се евакуираат 400 луѓе од седум различни села во близина на Лас Хурдес, во централниот регион Екстремадура, поради пожар кој изгоре 2.500 хектари вегетација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скопје и Сараево меѓу 10-те најзагадени градови во светот

Официјални лица велат дека пожарот, кој започна во понеделникот, нема да биде ставен под контрола наскоро и се чини дека е предизвикан од гром.

Шпанската армија испрати 100 војници да им помогнат на околу 300 пожарникари во гаснењето на пожарот.

Португалската влада во сабота прогласи вонредна состојба, која ќе важи до петок.

Loading...

Португалскиот премиер Антонио Коста го одложи патувањето во Мозамбик оваа недела поради заканата од пожар, а претседателот Марсело Ребелео де Соуса исто така го откажа патувањето во ОН во Њујорк.