Приведени двајца кумановци оти физички нападнале сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци на дваесетгодишна возраст биле приведени вчера под сомнение дека физички нападнале сограѓанин.

Loading...

– На 11.07.2022 во 20.55 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Л.Н.(20) и Х.С.(20), двајцата од Куманово, затоа што на 13.06.2022 на улица „Тане Георгиевски“ во Куманово со тврд предмет физички го нападнале А.Б.(22), информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Л.Н. и Х.С. биле приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Комунални редари секојдневно ќе вршат контроли покрај коритото на Кумановка