Земјата со највисока стапка на сопственост на автомобили во Европа е малиот Луксембург. Има дури 681 автомобил на 1.000 луѓе (0,68 автомобили по глава на жител). Луксембург е богат, со многу високи просечни приходи.
На второ место е Италија со 663 автомобили на 1.000 жители. Оваа земја има добро развиена и широко распространета патна инфраструктура, таа беше првата земја што разви автопатишта резервирани само за брз сообраќај.
Кипар е на третото место. Во оваа мала островска земја, луѓето главно се потпираат на своите автомобили за да се движат наоколу.
Македонија е на 29 место со 205 автомобили на илјада луѓе.
Рангирање на земјите според бројот на автомобили на 1.000 жители
Луксембург 681
Италија 663
Кипар 645
Полска 642
Финска 642
Естонија 598
Малта 597
Германија 574
Австрија 562
Словенија 556
Чешка 554
Литванија 536
Португалија 530
Шпанија 519
Белгија 511
Грција 504
Холандија 499
Франција 482
Шведска 473
Велика Британија 473
Данска 455
Ирска 454
Словачка 439
Хрватска 425
Бугарија 407
Унгарија 390
Латвија 381
Романија 357
Македонија 205