Италија наскоро ќе започне кампања за давање четврта доза од вакцината „Ковид-19“ на оние над 60 години, најави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанка, откако доби „зелено светло“ од здравствените агенции на Европската унија.
Сперанца рече дека владата веќе дала одобрение за 20-те регионални администрации на Италија да започнат кампања за администрирање на четвртата доза од вакцината, по одобрение од националната медицинска агенција АИФА, објави Ројтерс.
„Сите научни докази покажуваат дека дополнителната доза од вакцината може во голема мера да ги заштити луѓето, особено слабите и постарите, од хоспитализација“, изјави Сперанка за државната телевизија Раи синоќа.
Во Италија во јули е зголемен бројот на заразени со корона вирусот, пренесува Танјуг.
Бројот на заболени на дневна основа минатата недела надмина 100.000 за прв пат од февруари, а пораст има и на бројот на хоспитализирани лица.