Нов топлотен бран ѝ се заканува на Европа! Експертите велат: „Необично е“

Сподели со своите пријатели

Неполн месец по последниот топлотен бран, живата во термометарот во понеделникот повторно се искачи на невообичаено високо ниво на Пиринејскиот Полуостров, каде се измерени 42 степени целзиусови и на југот на Франција.

Loading...

Сè почестата појава на топлотни бранови е директна последица на климатските промени, велат научниците, бидејќи се зголемува јачината, времетраењето и зачестеноста на емисиите на стакленички гасови.

Во Шпанија највисока температура, 43,3 степени целзиусови, е измерена во Канделеда, во центарот, соопшти шпанската метеоролошка служба Аемет. Во другите градови на југот и во центарот, како Севиља и Бадахоз, измерени се 42 степени.

Овој нов топлотен бран, втор во еден месец по оној во средината на јуни, е „сосема необичен“ во земја каде што високите температури во лето не се невообичаени, изјави во понеделникот Рубен дел Кампо, портпарол на Аемет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: Следните два месеци ќе бидат најопасните во последните децении

Топлотниот бран започна во неделата и може да „трае од девет до 10 дена, така што може да биде трет најдолг топлотен бран во Шпанија од 1975 година“, изјави тој за Франс прес.

„Климатските промени се причина за почести и посилни топлотни бранови“, додаде Дел Кампо, потсетувајќи дека нивниот број е двојно зголемен во земјата во последните дванаесет години.

Најлошото ќе биде помеѓу вторник и четврток, предупредува Аемет, кој не можеше да каже дали ќе биде соборен апсолутниот температурен рекорд забележан во Шпанија (47,4 степени измерени во Монтор, во близина на Кордоба, во август 2021 година).

Во соседна Португалија, за време на викендот температурата во некои области се искачи до 44 степени.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тбилиси, најмалку десет лица уапсени

Иако во понеделник температурата беше нешто пониска, сепак во околината на Евора на југоисток се очекуваат 42 степени, соопшти националната метеоролошка служба која најавува нов пораст на температурата во вторник и среда.

Таквите температури деновиве предизвикаа пожари во центарот на државата.

Во понеделник топлотен бран ја зафати и Франција од југозапад, објави Метео-Франс.

Температурите на добар дел од француската територија надминаа 30 целзиусови степени, а од вторник на места може да достигнат и 39.

Врвот на овој бран најверојатно ќе биде „помеѓу сабота и вторник“ на 19 јули, додава Себастијан Леас од Метео-Франција, истакнувајќи дека е премногу рано да се спореди феноменот со смртоносната топлина од летото 2003 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралиска компанија ќе плати 160 милиони долари на воената хунта во Мали

Во Велика Британија, каде во понеделник и вторник на југозапад се очекуваат 33 степени Целзиусови, Националната метеоролошка служба издаде т.н. портокалово предупредување за „екстремни горештини“ од недела, со температури повисоки од 35 степени.

Интензивните горештини ќе се прошират на север низ Франција и во Велика Британија до викендот, како и во источна Европа.

Температурите ќе надминат 40 степени Целзиусови во Германија, додека во Британија се стравува од рушење на температурниот рекорд од 38,7 степени Целзиусови од 2019 година, пишува Гардијан.

Loading...