Димитриевски се сретна со заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во просториите на општината одржа работна средба со Заменик-шеф на Мисија
во Амбасадата на САД во Скопје Ерик Мејер, шефот на Политичко-економската канцеларија Кристофер Зимер, политичкиот советник Рејчел Калинс и Кристина Каранакова политички аналитичар во американската амбасада.

Loading...

 

 

На средбата, тие разговараа за повеќе актуелни теми од локален и национален карактер. По состанокот, Димитриевски заедно со шефот на Политичко-економската канцеларија Кристофер Зимер, политичкиот советник Рејчел Калинс и Кристина Каранакова политички аналитичар во Амбасадата на САД се приклучија на работниот состанок на Локалниот совет за превенција и Акцискиот тим во заедницата за превенција и спречување на насилен екстремизам. На состанокот се разговараше за активностите и проектите кои ги има реализирано Акцискиот тим во заедницата во поглед на превенција и спречување на насилен екстремизам во изминатиот период.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово

 

 

Loading...

Беа разгледани идните планови и активности кои би можеле да бидат спроведени, како и можностите за продлабочување на соработката и унапредување на односите помеѓу заедниците.

 

 

На настанот присуствуваше Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, претставници од Центар за социјални работи, Народен правобранител, претставници од НВО секторот, СВР Куманово и Општинска администрација.

 

 

Loading...

Претставниците на Амбасадата на САД ги поздравија активностите на Локалниот совет за превенција и Акцискиот тим во заедницата и ја истакната нивната поддршка во превенција и спречување на насилен екстремизам.