Без струја денеска повеќе села во Куманово и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Голем број села во Куманово и Старо Нагоричане денеска привремено ќе останат без струја поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во период од 10:00 до 12:00 прекини ќе има кај местото Сланиште во село Табановце.

Од 10:00 до 10:30 прекини ќе има во селата Стрновац, Драгоманце, Жегљане, Кокино, Арбанашко, Рамно, Осиче, Цветишница, Буковљане, Драгомнце, Степанце, Малотино, додека пак од 10:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат мештаните на селото Пелинце.

Во период од 11:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат делови од селото Старо Нагоричане (Базалт, Бели грамади, Пиленац, Никикоф, Беламарци, Света Петка).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

Од 11:30 до 14:00 часот без струја ќе биде Фабриката „Бонум“. Од 10:00 до 10:30 селото Жегљане, а од 09:00 до 11:30 селата Војник, Драгоманце, целата општина Старо Нагоричане, со селата Довезенце, Бељакове, Стрезовце, Зубовце, Мургаш, Облавце, Ора, Мл.Нагоричино, Никуљане, Четирце, Жегљане, Пелинце, Бајловце, Арбанашко, Кокино, Добрача, Малотино, Алгуња, Пезово, Кшање, Кокошиње, Градиште, Габреж и Колитско.

Никола Ивановски