Руската Дума најавува забрана за ЛГБТ пропаганда во медиумите

Сподели со своите пријатели

Комитетот за информации, информациски технологии и комуникации на руската Дума има намера да спроведе забрана за ЛГБТ пропагандата во медиумите, социјалните мрежи и филмовите без старосни ограничувања, изјави денеска шефот на комитетот Александар Кинштајн.

Loading...

„Целосно го поддржувам ставот на (претседателот на Државната дума) Вјачеслав Володин за забрана на пропаганда на нетрадиционални вредности“, напиша Кинштајн на својот профил на Телеграм и потсети дека Комитетот претходно започна да работи на релевантни иницијативи.

Според неговите зборови, пренесува ТАСС, одборот предложил и воведување административна одговорност за ваквата пропаганда, односно проширување на членот од Законот за административни прекршоци, кој во моментов предвидува само казнување за ширење ЛГБТ пропаганда меѓу малолетни лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скопје и Сараево меѓу 10-те најзагадени градови во светот

Дополнително, законодавците бараат уште построги законски мерки за промоција и пропаганда на педофилија, како и „забрана за ширење меѓу децата не само на пропаганда, туку и на секоја друга информација која промовира нетрадиционални сексуални односи или перверзии“, истакна Кинштајн.