Во Шангај откриен нов сој на омикрон

Сподели со своите пријатели

Во Шангај е регистриран случај на инфекција со нов подвид на омикрон сој БА 5.2.1, изјави Жао Дандан, потпретседател на градската здравствена комисија.

Loading...

Тој вели дека новозаразениот е од населбата Пудонг и дека го поврзуваат со случај кој пристигнал од странство.

Во Шангај на почетокот на јуни беше укината блокадата која траеше околу два месеци, но се уште се во сила рестриктивните мерки.

– Во градот има се повеќе пријавени локални преноси на вирусот и ризикот од ширење на епидемијата во општеството е сè уште многу висок – предупреди Дандан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продемократски активисти во Хонг Конг осудени за субверзија, казни и до 10 години затвор

Најголемиот кинески град се подготвува за уште една кампања за масовно тестирање, во која луѓето во неколку области ќе треба да се тестираат двапати од вторник, 12 јули до четврток, 14 јули.

Минатата недела веќе беше наредено масовно тестирање со оглед на зголемениот број случаи.