Водостојот на Пчиња и натаму под просекот

Сподели со своите пријатели

Водостој на Пчиња останува под просекот за овој период од годината и покрај обилните врнежи кои го зафатија Куманово во изминатиот период.

Loading...

Според последните мерења на Управата за хидромеотеоролошки работи на мерната станица во селото Пелинце, водостојот на Пчиња утринава изнесувал 24 сантиметри.

Тоа е под просекот за овој период од годината, кој изнесува 38 сантиметри.

Највисок водостој реката Пчиња во текот на изминатата недела имала вчера, 30 сантиметри.

Според податоците, нивото на Пчиња поголем дел од годинава е далеку под просекот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советниците на ВЛЕН од Куманово се оградија од изјавата на Димитриевски, кој ОНА ја нарече терористичка организација