СВР Куманово и „Национални шуми“ во превентивна кампања

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово преку своите организациски единици  континуирано презема мерки  и активности за информирање на граѓаните и укажување на превентивни мерки за спречување на пожари особено на отворен простор и во шуми, информираат од кумановската полиција.

Loading...

Во тек се постојани активности во соработка со Јавно претпријатие  „Национални шуми“  Куманово каде во непосредни средби на граѓаните им се делат  летоци со основни безбедносни совети и како да се постапи при откривање шумски пожар.

– Апелираме  до граѓаните да бидат внимателни особено во престојниот период и   да не се пали оган на отворено, стрништа, пасишта и сува вегетација, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци и на тој начин заедно да придонесеме за зачувување на шумите, а со тоа да го заштитиме  животот и здравјето како и  личниот и имотот на другите, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Tрибина и евидентирање за скрининг мамографија денеска во Куманово

СВР Куманово потсетува дека  предизвикување  на пожар претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена затворска казна до  8 години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици.

Никола Ивановски