Азискиот центар за коцкање, градот Макао, денеска ги затвори сите свои казина за прв пат по повеќе од две години, со што акциите на компаниите за игри паднаа додека властите се борат да ја спречат најлошата појава на коронавирус до сега.
Повеќе од 30 казина и други бизниси во градот ќе бидат затворени една недела, а на жителите им е наредено да останат дома освен ако не треба да ги задоволат основните потреби или да се вклучат во работа која се смета за суштинска, објави Ројтерс.
Според владиното соопштение, полицијата ќе патролира по улиците, а оние жители кои не ги почитуваат наредбите ќе бидат најстрого казнети.
Од средината на јуни, Макао има регистрирано околу 1.500 дневни случаи на корона вирус, а околу 19.000 луѓе се во задолжителен карантин, бидејќи владата се придржува до кинеската политика „нулта ковид“, која има за цел да ги потисне сите инфекции.
Повеќе од 90 отсто од 600.000 жители на Макао се целосно вакцинирани против коронавирусот, но ова е првпат градот да се соочи со вирусот микрон, кој брзо се шири, наведува британската агенција.
Казината во Макао последен пат беа затворени во февруари 2020 година на 15 дена.
Економијата на Макао е во голема мера зависна од нејзините казина и сродните бизниси, кои се тешко погодени од пандемијата.
Приходите од коцкање донекаде се зголемија минатата година, но сè уште се далеку под нивото пред пандемијата, пренесува американската агенција.