Кумановската полиција вчера казнила 93 брзи возачи

Сподели со своите пријатели

Сообраќајната полиција при Секторот за внатрешни работи Куманово вчера напишала 93 казни поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 93 возачи, информираат од кумановската полиција.

Од казнетите возачи, еден се движел со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а седум надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

Засилените акциски сообраќајни контроли, велат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски