Пешачење – едноставна и целосно бесплатна активност која вреди

Сподели со своите пријатели

Пешачењето е брз начин да го размрдате вашето тело и не чини ништо, а генерално може да го практикуваат сите возрасни групи.

Loading...

Враќањето во форма, подобрувањето на вашето ментално и физичко здравје, а и слабеењето можеби воопшто не е толку тешко.

Може да го прилагодите одењето според времето, желбите и распоредот. Така, дваесетина минути пешачење до работа може да ви стане дневна рутина, а оние похрабрите можат да поминат подолги патеки, па да можат да пешачат 5, 10 или 20 километри.

 

 

Ако толку ефтин спорт и практичност не ве убедат дека одењето е за вас, можеби мислењето на експертите ке ве убедат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто чајот од босилок се смета за најдобар лек од народната медицина?

Освен што го забрзува чукањето на срцето и ги активира мускулите, одењето како вежба со слаб интензитет, исто така, влијае на зголемена енергија, подолг животен век, помал стрес, помала стапка на депресија и полесно управување со сопствената тежина.

Loading...

Покрај тоа, многу е веројатно дека ќе се чувствувате подобро по само 10 минути пешачење, што, на крајот, резултира со поголема мотивација.

 

 

Ако веќе пешачите и не гледате разлика, експертите препорачуваат да се обидете да се придржувате до распоредот.

Според истражувањето на клиниката Мајо, брзото движење 30 минути, пет пати неделно е одличен избор за почеток. Одредете сами деновите во кои ќе пешачите, како и темпото со кое ќе го сторите тоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сода бикарбона – корисна и за здравје и за убавина

Кога ќе започнете да дишете тешко, но сепак можете да учествувате во разговорот без пречки, се движите со идеална брзина, пишува Live Strong.

 

Loading...

 

Може да додадете одреден интензитет на вашите прошетки со одење по угорница или удолница или едноставно забрзување на ритамот на кој сте навикнати.

Со зголемување на напорот, согорувате повеќе калории и ги предизвикувате вашите мускули, а со текот на времето, ова ќе доведе до губење на тежината и подобра кондиција.