Претседателот на Шри Ланка Готабаја Рајапакса побегна од претседателската резиденција во Коломбо, неколку минути пред да упаднат илјадници демонстранти, пренесе агенцијата Франс прес, повикувајќи се на воени извори.
Приватниот канал Sirasa TV прикажа снимка од толпата која упадна во силно обезбедуваната претседателска палата.
Претседателот е заштитен од армијата на непозната локација.
Економската криза во Шри Ланка предизвика политички немири и демонстрации, во кои имаше и жртви.
Демонстрантите побараа претседателот Готабаја Рајапакса да поднесе оставка.
Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинг на крајот на јуни изјави дека економијата на земјата „целосно пропаднала“ поради недостигот на храна, гориво и електрична енергија.
Шри Ланка е погодена од сериозен недостиг на основни потреби, од храна, гориво, лекови и гас до тоалетна хартија и кибрит.