Во куќа на кумановец пронајдена дрога, на викендицата мигранти

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец вчера бил приведен откако на неговата викендица биле пронајдени мигранти.

Loading...

Претходно полицијата во неговиот дом пак пронашла наркотици.

– На 07.07.2022 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје извршиле претрес во напуштена викенд куќа во место викано „Ново Куманово“, каде повремено престојувал Д.С.(41), при што биле пронајдени 10 лица мигранти, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Пет од пронајдените мигранти биле од Сирија и пет од Пакистан.

– Претходно, истиот ден, Д.С. беше приведен затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Куманово, биле пронајдени и одземени 7 пакувања дрога, велат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Секоја осма жена во светот заболува од рак на дојка, скринингот е многу важен (ВИДЕО)

Никола Ивановски