Кој е убиецот на Шинзо Абе: Некогаш бил маринец, сам си правел оружје

Сподели со своите пријатели

Убиецот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е Тецуџи Јамагами (41).

Loading...

Јапонските медиуми објавија дека атентаторот е поранешен припадник на јапонската морнарица кој сега е во полициски притвор.

Јамагами му пријде одзади на поранешниот премиер и пукаше двапати додека Абе држеше говор пред толпата.

Снимките направени на местото на настанот покажуваат облак чад по пукањето.

Како што подоцна било утврдено, убиецот сам го изработил оружјето со кое го извршил убиството, а по пукањето го фрлил на улицата каде што било пронајдено.

Исто така, камерите го снимиле моментот кога обезбедувањето на убиениот политичар го нападна Јамагами, кој не се обидел да побегне од местото на злосторството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мелони на локалните избори изгуби контрола над еден регион

Тој подоцна го признал делото во полиција, велејќи дека „сакал да го убие Абе“ затоа што „не бил задоволен со него“.

 

Loading...

 

Повеќе детали за мотивите на атентатот, кој се случи два дена пред изборите во Јапонија, не се познати.

Последните информации укажуваат дека убиецот подготвувал и експлозиви, но не е јасно дали и како планирал да ги употреби.

Како што јавува Би-Би-Си, при претресот на неговата куќа била пронајдена одредена количина експлозив.

Потсетуваме, поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе беше ранет за време на говор што го одржа во градот Нара во рамките на изборната кампања.

Убиецот му пришол на Абе одзади и пукал два пати. Абе итно бил префрлен во болница каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но за жал, ништо не можеле да направат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Првата дама на Бразил го пцуеше Илон Маск: „Не се плашам од тебе...“ (ВИДЕО)

Како што подоцна беше кажано на прес-конференцијата пред болницата, еден куршум го пробил срцето.

Loading...