Голем број европски лидери денеска реагираа на веста за смртта на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, откако тој беше застрелан за време на говор во градот Нара два дена пред парламентарните избори.
Елисејската палата денеска испрати телеграма со сочувство, во која се вели дека Франција изразува целосна солидарност со Јапонија по атентатот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, пренесува Ројтерс.
– Неверојатно тажна вест за Шинзо Абе – напиша на Твитер британскиот премиер Борис Џонсон.
Incredibly sad news about Shinzo Abe.
His global leadership through unchartered times will be remembered by many. My thoughts are with his family, friends and the Japanese people.
The UK stands with you at this dark and sad time.
— Boris Johnson (@BorisJohnson) July 8, 2022
Тој исто така изјави дека неговото глобално лидерство во тежок период ќе остане запаметено.
– Моите мисли се со неговото семејство, пријателите и јапонскиот народ. Велика Британија стои со вас во ова мрачно и тажно време – рече Џонсон.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е „шокиран и длабоко тажен“ од веста дека поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе починал денеска, неколку часа откако бил застрелан додека водеше кампања за парламентарните избори.
– Цврсто стоиме со Јапонија и во овие тешки моменти – напиша Шолц на Твитер и изрази длабоко сочувство до семејството на Абе.
Das tödliche Attentat auf @AbeShinzo macht mich fassungslos und tieftraurig. Mein tiefes Mitgefühl gilt seiner Familie, meinem Kollegen Fumio @kishida230 und unseren japanischen Freundinnen und Freunden. Wir stehen auch in diesen schweren Stunden eng an der Seite Japans.
— Bundeskanzler Olaf Scholz (@Bundeskanzler) July 8, 2022
– Италија е шокирана од овој страшен напад, кој ја погодува Јапонија и слободната демократска дебата. Абе беше значаен актер во јапонскиот и меѓународниот политички живот во последните децении, благодарение на неговиот иновативен дух и неговата реформска визија – објави италијанскиот премиер Марио Драги и испрати сочувство до неговото семејство, владата и целиот јапонски народ, според Ројтерс.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече Абе „драг пријател“ и додаде дека „ги осудува оние што го извршија овој грозоморен напад“, објави Би-Би-Си.
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, во писмена изјава истакна дека е згрозен од трагичната вест за смртта на поранешниот јапонски премиер Шинсо Абе, откако тој беше нападнат за време на демократската кампања.
– Денеска Европската унија губи пријател кој помогна во продлабочување и зајакнување на билатералните односи во сите области. Како премиер со најдолг мандат во Јапонија, Шинзо Абе ќе остане запаметен како непоколеблив сојузник во потрагата по мир, демократија и владеење на правото – во Европа, Индо-Пацификот и во светот – рече Борељ.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преку Твитер упати сочувство до семејството и пријателите на починатиот поранешен јапонски премиер, како и до целиот јапонски народ.
– Нѐ напушти прекрасна личност, голем демократ и борец за мултилатерален поредок во светот – напиша Лејен.
A wonderful person, great democrat and champion of the multilateral world order has passed away.
I mourn with his family, his friends and all the people of Japan.
This brutal and cowardly murder of @AbeShinzo shocks the whole world. pic.twitter.com/ztSJnlDsi6
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 8, 2022
Таа оцени дека „бруталното и кукавичко“ убиство на Абе „го потресе цел свет“.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ѝ порача на Јапонија дека „Европа е во жалост со нив“.
„Никогаш нема да го разберам бруталното убиство на овој голем човек“, напиша Мишел на Твитер.
Сочувство до семејството и народот на Јапонија изрази и европскиот комесар за проширување, Оливер Врахеји, кој го окарактеризира поранешниот премиер на Јапонија како еден од најголемите државници.
Јапонскиот премиер со најдолг стаж бил застрелан и ранет од 41-годишен маж околу 11:30 часот по локално време додека зборувал пред железничката станица Јамато-Саидаиџи во префектурата Нара, соопшти полицијата.
Универзитетската болница Нара изјави дека по пристигнувањето Абе веќе не дава знаци на живот и дека неговите рани се наоѓаат на десната страна на вратот и се доволно длабоки за да стигнат до срцето и дека поради обилно крварење не било можно да се спаси.
Локалната полиција соопшти дека Абе бил ранет со модифициран пиштол денеска за време на говор во градот Нара, два дена пред парламентарните избори.
По враќањето во Токио со хеликоптер од префектурата Јамагата, каде што водеше кампања, премиерот Фумио Кишида остро го осуди атентатот на 67-годишниот поранешен лидер како „варварски чин“.
Мотивите на напаѓачите не се целосно познати, објави јапонскиот премиер.