Мостот во Проевце ќе се реконструира до следната година

Сподели со своите пријатели

Сѐ уште тече целосната санација на мостот на реката Кумановка во кумановското село Проевце, информираат денеска надлежните.

Loading...

Неговата санација се очекува да трае 15 месеци, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта, нагласувајќи дека изведувачот започнал со работа на 13.12.2021 година.

– Предвидено е да се изврши зајакнување и санација на сите столбни места, зајакнување и санација на главните челични носачи, менување на старите и оштетени лежишта, санација и зајакнување на нова коловозна плоча, нови тротоари, нова мостовска ограда, нова хидроизолација и асфалтна конструкција, стои во одговорот на ЈПДП.

Како што појаснуваат надлежните, моментално изведувачот работи на санација и зајакнување на крајните столбови, зајакнување и санација на главните челични носачи, на припрема за менување на лежиштата и бетонирање на коловозната плоча.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец украл чанта од 79-годишна жена, полицијата го привела

За санацијата од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта се предвидени вкупно 59,7 милиони денари или нешто над 960.000 евра.

Според АМСМ мостот треба да остане целосно затворен за сообраќај до почетокот на септември.

Никола Ивановски