Даниел Стојчевски избран за претседател на здружението „За наше Куманово“

Сподели со своите пријатели

Даниел Стојчевски, актуелниот директор на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ е избран за претседател на граѓанското здрижение „За наше Куманово“.

Loading...

Вчера се одржа првиот сотанок на Извршниот одбор, а потоа и вонредна седница на Собранието во проширен состав на која присустваа над 300 поддржувачи.

Градоначлникот на Општина Куманово, Максим Димириевски, кој под слоганот „За наше Куманово“ настапи како независен кандидат на локалните избори, му го честиташе изборот на Стојчевски.

– Му честитам на изборот на претседателот на здружението „За наше Куманово“, г-дин Даниел Стојчевски и сите избрани членови на извршниот и надзорниот одбор на здружението. – Ви посакувам успех во реализирање на активностите каде што приоритет ќе бидат граѓаните, градот и нашата Македонија, напиша Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

 

 

Стојчевски се заблагодари на честитеките и порача дека во следниот период ќе се работи посветено за Куманово и Македонија.

Loading...

Здружението, на вчерашното Собрание донесе повеќе заклучоци, притоа отфрлајќи го францускиот предлог како неприфатлив.

Во заклучоците се бара претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски да го отфрлат, бидејќи сметаат дека претставува велепредавство на македонската држава и опасност од бугаризација.

Меѓу заклучоците е и барање Оливер Спасовски да поднесе оставка од позицијата министер за внатрешни работи.

Инаку, градоначалникот Максим Димитриевски, претходно најави дека ќе биде формирано здружение со кое ќе настапи на евентуалните следни парламентарни избори.

Никола Ивановски