Австрија го усвои укинувањето на Законот за задолжителна вакцинација

Сподели со своите пријатели

Австрискиот парламент едногласно ја усвои одлуката за укинување на Законот за задолжителна вакцинација против корона вирусот.

Loading...

Министерот за здравство Јоханес Рауч оваа мерка ја образложи со сосема нова ситуација од воведувањето на Законот.

Пратеникот на владејачката Австриска народна партија (ОВП) Јозеф Смоле изјави дека сојот омикрон е помалку опасен.

И опозицијата го поддржа укинувањето на Законот

Партијата на слободата на Австрија (ФПО), која од почетокот беше против задолжителната вакцинација, им се заблагодари на демонстрантите против вакцинацијата кои придонесоа за овој чекор.

Законот за задолжителна вакцинација стапи на сила на почетокот на февруари, но веднаш беше привремено суспендиран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Обврската за вакцинација важеше за лицата над 18 години, а беа предвидени санкции во износ од 600 до 3.600 евра.

Ниту најавата за воведување на Законот за задолжителна вакцинација не ја зголеми стапката на вакцинација, а кога Владата одлучи привремено да го суспендира, имунизацијата речиси целосно престана.

Особено кога сојот омикрон стана доминантен и кога беа укинати епидемиолошките мерки, интересот за вакцината целосно падна, а Законот ја загуби смислата.

Loading...