Курц основал компании во Дубаи и Тел Авив

Сподели со своите пријатели

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц успешно влезе во светот на бизнисот и покрај работата во концернот на американскиот инвеститор Питер Тиел, реализира и неколку нови проекти, пишуваат австриските медиуми.

Loading...

Основаше фирма во Тел Авив и Дубаи, ангажирана во консултантски активности во областа на технологијата и обновливите извори на енергија.

Дополнително, заедно со финансискиот инвеститор Александар Шиќ, основал компанија наречена „AS2K“, која се фокусира на инвестиции во областа на технологијата, здравството и заштитата.

Преку таа компанија сака да инвестира во старт-ап, тврди неименуван извор близок до Курц во изјава за весникот „Естерајх“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брејвик повторно бара предвремено ослободување од затвор

Поради новите работни места Курц многу патува, а само во последните седум дена бил во дури осум земји, најчесто во САД и Блискиот Исток.

Од 20 до 25 дена месечно поминува во странство, а сопатничката Сузана и синот Константин ги носи на подолги патувања.

Наесен политичкиот вундеркинд ќе објави автобиографија.