Заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоан, изјави дека НАТО не гледа никаков знак за некаков ризик од ескалација на ситуацијата на северот на Косово, во другите делови на Косово или во поширокиот регион и дека НАТО целосно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Тој додаде дека Косовските безбедносни сили (КБС) можат да дојдат на север само со договор и консултација со командантот на КФОР и повтори дека КФОР на Косово строго го спроведува својот мандат врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, пренесува Танјуг.
Поранешниот министер за надворешни работи на Романија, а сега заменик генерален секретар на Западната воена алијанса, во четвртокот го посети Косово, а посетата следеше само неколку дена по самитот на НАТО во Мадрид, кој Џоан го смета за многу успешен.
Тој изјави дека ситуацијата на Косово е кревка, но стабилна и дека НАТО не гледа знаци за можна ескалација.