Албанија ги укинува царините за стоки од Македонија и Србија

Сподели со своите пријатели

Албанската влада одлучи да ги укине царинските тарифи за стоките што минуваат низ албанските гранични премини со потекло од централна Србија и Македонија, како и од Косово и Метохија.

Loading...

Одлуката дојде како последица на решителноста на земјата во процесот „Отворен Балкан“ и помошта што членовите на иницијативата мора да си ја пружат меѓусебно во кризата на високите цени.

Иако Приштина не е дел од иницијативата, Министерството за финансии во Тирана одлучило за нејзино вклучување врз основа на договорот за меѓусебно отстранување на царинските бариери, пренесуваат медиумите.

Надоместоците за паркирање возила, жигосување или печатење на стоки и нивно мерење повеќе нема да се наплаќаат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анкета: Хрватите би ја избрале Камала Харис, а Србите Трамп

Сегашните давачки се шест евра за паркирање, седум евра за вагање и 50 центи за поставување наплатна рампа.

За камион што минува стока преку албанските гранични премини, трошоците ќе бидат за околу 14 евра помалку од претходно.

Медиумите во Тирана наведуваат дека Албанија во првите пет месеци од годинава извезла стока во вредност од 132 милиони евра на пазарот на Косово и Метохија, 100 милиони евра во централна Србија и 62 милиони евра во Македонија.