Напаѓачот ѝ призна на полицијата: Имав намера да го убијам Абе

Сподели со своите пријатели

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе беше застрелан во петокот додека водеше кампања за национални избори, соопшти владата, а јавниот радиодифузен сервис НХК рече дека се чини дека бил застрелан одзади од маж.

Loading...

Полицијата соопшти дека 41-годишен маж е уапсен под сомнение дека пукал во западниот град Нара.

Како што јави јапонската јавна телевизија NHK, напаѓачот на полицијата и рекол дека е незадоволен од работата на Абе и дека имал намера да го убие.

Да потсетиме, напаѓачот на Абе е уапсен, а ТВ Фуџи јавува дека е поранешен припадник на јапонската морнарица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Очевидци тврдат дека атентаторот му се прикрал на Абе одзади и испукал два истрели. После првиот изгледа никој не е повреден, но по вториот Абе колабирал.